Денеска (28.07.2022) делегација од Бирото за јавна безбедност предводена од директорот м-р Сашо Тасевски оствари работна посета на седиштето на полицијата на Елинската Република во Атина, при што беше остварена работна средба со неговиот колега, полицискиот генерал-полковник Константинос Скумас.

Посетата од двете стани беше оценета како значен момент по кој се очекува интензивирање на соработката помеѓу полициите, што ќе придонесе за зајакнување на безбедноста како на нашите соседни земји, така и на регионот.

Делегацијата од МВР, во чиј состав беа и помошник директорот на Одделот за униформирана полиција Шефик Бајрами и помошник директорот на Одделот за гранични работи и миграции Сашо Смилески, беше пречекана со високи почести од страна на домаќинот, полицискиот генерал-полковник Скумас, а на средбата двете делегации разговараа за проблемите со кои се соочуваат полициските служби, како и можностите за унапредување на меѓусебната соработка, со особен осврт на борбата против организираниот криминал, меѓународните потерници, прекуграничната соработка и сите видови на криминал кои преставуваат закана за двете земји.

На крајот од средбата двајцата директори беа со заеднички став дека силно ја подржуваат соработката помеѓу полициите на двете држави и дека оваа практика на меѓусебни средби за унапредување на соработката ќе продолжи и во иднина, како голем чекор напред кон обезбедување на безбедноста во државите и ќе биде основа за зајакната соработка во борбата против сите видови на криминал.