По повод тригодишнината од бегството на Никола Груевски, екс разузнавачот Александар Диневски во студиото на Утрински брифинг го објасни ставот дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи, Груевски сигурно ќе се врати во земјата, макар и да спие во Шутка.

– Апслолутно ќе се врати. Согласно својот карактер како личност, страшно е суетен и сите овие постапки ја повредија неговата суета. Кога би победило ВМРО уште истата вечер ќе се врати и по цена да ја преспие во Шутка и ќе излезе како маченик како жртва и апсолутно е релано неговото враќање бидејќи ВМРО-ДПМНЕ не се огради од тој негов систем на владеење, ниту ги острани тие негови најблиски кадри. Toj ja ужива поддршката во партијата, вели Диневски во ијзава за „Утрински брифинг“.