Според првичните резултати на Државната изборна комисија, кандидатот на ДУИ, Хекуран Дука е победник во вториот круг од гласањето за градоначалник во Дебар каде противкандидат му беше Беким Поцеста од Алијанса за Албанците-Алтернатива.

Согласно податоците добиени по електронски пат од вториот круг од гласањето за избор на градоначалник на општина Дебар, на гласање излегле вкупно 8622 гласачи, односно 44.92 %, информираа од ДИК.

Од вкупниот број гласачи кои излегле на гласање, добиените резултати по електронски пат се следните:

– Хекуран Дука, кандидат на политичката партија Демократска унија за интеграција-ДУИ (3), освоил вкупно 4284 гласови односно 49.69 % од гласовите.

– Беким Поцеста, кандидат на Коалицијата Алеанца за албанците и Алтернатива (6), освоил вкупно 4148 гласови, односно 48.11% од гласовите, се прецизира во соопштението од Државната изборна комисија.