За два дена, уапсени се две лица  Преспанско-Пелагонискиот Регион осомничени за подметнување пожар каде се активни се неколку пожари, а властите апелираат граѓаните да се воздржат од секакви активности кои ќе придонесат за разгорување на пожарите особено во критичните региони и поради високите температури.
 
Во неколку случаи е утврдено дека пожари се настанати поради искрење помеѓу жици на бандери или далекуводи, пради што во тек е изработка на барање до ЕВН за да ги проверат нивните системи за дистрѕбуција на електрична енергија, информира денеска на прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
 
Тој напомена дека овие искрите паѓаат на земја, а доволно е само една од нив за да предизвика пожар, посочувајќи дека вчера во кумановскиот регион имало и сведоци кои виделе искрење на жиците.
  
Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки, велат од Владата од каде информираат дека во периодот од 3 до 12 август дел од членовите ќе искористат денови од годишен одмор.
 
Владата посочува дека согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно.
 
-Овие денови теренската координација е обезбедена од страна на првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство Аријанит Хоџа, министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација Шакири и Бајдевски, министерката и заменик министерот за образование Царовска и Шабани, заменик министерот за внатрешни работи Буши, заменичката министерка за животна средина Оџаклиеска, заменикот министер за труд и социјала Енвер Хусин, заменикот министер за здравство Илир Хасани, заменик министерот за правда Нухиу.
 
-Премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, а е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции“, се вели во соопштението.