На 09.03.2022 година во 13.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека А.К.(67) од Струга е пронајден починат во својот дом.

При увидот, извршен од Јавен обвинител и полициски екипи, било констатирано дека во собата каде бил пронајден А.К. претходно настанал пожар, кој не се проширил во другите простории и сам се изгаснал.

Лекар констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.