Ако споредуваме инвестиции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ има голема разлика, бидејќи претпоставувам дека тогашната власт и проектот „Скопје 2014“ го сметаше за капитална инвестиција, нагласи директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, во гостувањето на Телевизија 24.

-Ако изброиме стиропор и сега инвестициите што ги правиме нема споредба. Треба да видиме што е во позадина на бројките. Тогаш веројатно добра била реализацијата на капиталните инвестиции, но излезе дека на автопатот Кичево-Охрид се работело, а не биле предвидени исклучоци, кажа Деспотовски.

Тој сепак додаде дека ниту една власт досега немала административен капацитет за менаџирање со капиталните инвестиции, односно, како што вели Деспотовски, ниту еден раководител на институција сериозно не се зафатил со решавање на проблемите кои изникнуваат.

-Со помош на надворешни експерти бројките ќе ги качиме нагоре. Да признаеме дека државата и јавниот сектор не може да плати квалитетни луѓе кои ќе менаџираат проекти од по сто милиони евра. Не мора за се да се вработува во администрацијата, подобро да платиме за одреден надомест луѓе кои се запознаени со раководење на големите проекти, изјави Деспотовски.