Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер.

Утре ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне и во вечерните часови, кога на места ќе бидат пообилни.

Потоа следува период на стабилно и топло време со пораст на дневната температура.