Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е практично воен злосторник.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Камерон рече дека Велика Британија мора да го направи својот дел во економската сфера, исто како што тоа го прави Украина во воената сфера. Тој ги повика САД, Велика Британија и европските земји да не учествуваат на самитот на Г20 што ќе се одржи во ноември на Бали, доколку биде поканет и Владимир Путин.

Тој рече дека „незамисливо е американскиот претседател Џо Бајден да мора да седи до Путин“.

– Незамисливо е американскиот претседател да мора да седи до некој кој практично е воен злосторник, кој бомбардира и гранатира цивили и нивните домови, училишта и болници. Тоа би требало да биде незамисливо – рече Камерон и дојде:

– Мора да признаеме дека, иако не можеме да ја испратиме нашата војска во Украина и да воведеме зона на забранети летови за да не се прошири конфликтот, мора да направиме се друго што е во наша моќ.