Мештаните се потресени по страшната несреќа во која загина едногодишно бебе. Детето било прегазено од дедото кој со автомобилот наназад возел во дворот

Возејќи го автомобилот наназад, 63-годишен маж во неделата несакајќи го удрил својот едногодишен внук, кој од повредите починал во локалната здравствена установа.

Полициската управа во Карловац соопшти дека оваа сообраќајка се случила во месноста Доњи Звечај, кога 63-годишен маж со автомобил во рикверц почнал да се движи наназад со намера да влезе во дворот, а во таа прилика удрил во детето.

Портпаролката на полицијата Катарина Надја Пожега изјави дека за да се заштитат семејството и детето, не зборуваат за сродство на учесниците во трагичниот настан, туку можат само да потврдат дека детето е родено во 2021 година, но мештаните дознале дека несреќата ја предизвикал неговиот дедо и дека детето имало само 16 месеци.

Извештајот за овој настан, кој е оквалификуван како случајна смрт на дете, ќе биде проследен до жупаниското државно правобранителство, рече Пожега.

Како што изјави Денис Лауш, претседател на локалниот одбор на Звечај, целото место било потресено.

„Откако го слушнавме тоа вчера сите сме многу потресени, нема зборови со кои може да се опише, ниту зборови да изразиме сочувство до семејството кое добро го знаеме. Можам само да кажам не дај Боже да се повтори“, рече Лауш.