На денешната официјална промоција на Данела Арсовска за кандидатка за градоначалничка на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ не одговараше на прашања и ги избегна новинарите.

На првиот ден од започнувањето на предизборната кампња за локалните избори2021, кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, веднаш откако го исчита претходно подготвеното обраќање, ја напушти промоцијата и јавен настан. Прашања од страна на Арсовска не беа дозволени. Кандидатката за градоначалничка рече дека за прашања ќе имало други прилики, а ова било само јавно обраќање и го напушти настанот.

Зошто Данела Арсовска ги избегнува новинарите и нивните прашања? Ваквото поведение и однос кон новинарите и јавноста премногу потсетува на едни други, темни времиња, кои сите ние мислевме дека се зад нас и сакаме да ги заборавиме. Зарем вака се практикува демократија и транспарентност?

Зошто кандидатката која вели дека е за „Модерно Скопје“ и за отворен град, се плаши од „седмата сила“ и бега од новинарите уште на првиот ден од предизборната кампања.

Навистина зачудува ваквиот однос на Данела Арсовска кон јавноста, особено што јавноста добро памети времиња во кои политичарите не само што бегаа од прашања и новинари, ами и одговараа само iна претходно нарачани.

Денешното избегнување на новинарите од страна на Данела Арсовска покажа дека таа наликува на политичарите кои ги паметиме по лошо. Модерни политичари за модерно Скопје едноставно не бегаат од новинари. Сите прашања заслужуваат одговор и нема добри или лоши прашња. Има само политичари кои се плашат да даваат одговори и да бидат отчетни и транспарентни.