Како што јави МВР утрово во 07.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во напуштена куќа на Адвокатска улица, во близина на угостителски објект, било пронајдено починато лице.

Лицето имало видливи повреди, наведуваат од МВР во информацијата упатена до медиумите.

Според извештајот на МВР, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт и бил известен јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено за обдукција.

Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.