Хипохондријата може да биде многу опасна, особено ако ги обзема вашите мисли и го преокупира вашиот секојдневен живот.

Освен тоа, ве тера да го уништувате животот не само со размислување за болести кои навистина ги немате, туку таа состојба ја пренесувате и на луѓето околу вас, велат експертите.

Болка во градите

Ако секогаш кога чувствувате болка во градите мислите дека тоа е симптом на сериозна срцева болест, а секоја главоболка ве поврзува со мозочен удар, вие сте хипохондрик. Всушност, тоа не е здрав начин на размислување, бидејќи во текот на животот човек безброј пати се разболува, а повеќето од овие болести не водат до најлошото сценарио.

Хипохондрикот е во постојан страв дека секој момент ќе добие некоја болест. Ова е причината зошто сте постојано исплашени и премногу претпазливи. Се грижите каде одите, што правите и сето тоа само поради чувството дека ќе се разболите. Без разлика на наодите и тврдењата на лекарот, сепак немате мир и се сомневате дека сте болни, иако не сте добиле никаква дијагноза.

Стручна психолошка помош

Доколку сето ова ви звучи познато и мислите дека сте хипохондрик, многу е важно да побарате стручна психолошка помош. Постојаното размислување за болести може да биде многу стресно, а на крајот поради слабеење на имунитетот поради анксиозност може да дојде до вистинска болест.