Москва планира да го окупира југот на Украина и да отвори пат кон молдавскиот регион Придњестровје и до полуостровот Крим, како дел од втората фаза од својата операција, соопшти командата на Централниот воен округ на Русија (ЦФД).

Во соопштението кое го пренесеоа Тасс и Интерфакс, вршителот на должноста командант на ЦФД, Рустам Минекаев, вели дека Русија планира да воспостави целосна контрола врз Донбас и јужна Украина, што ќе овозможи пристап до Придњестровје, проруска отцепена провинција во Молдавија.

– Контролата над југот на Украина е уште еден излез кон Придњестровје, каде што исто така има докази за угнетување на населението што зборува руски – рече Минекаев.

Исто така, покрај Придњестровје, целта на руската армија е да изгради коридор до Крим.

– Од почетокот на втората фаза од специјалната операција, која започна пред два дена, една од задачите на руската армија е да воспостави целосна контрола над Донбас и јужна Украина, што ќе обезбеди копнен коридор за Крим – изјави рускиот командант, пренесува РИА Новости.

Најава за напад на Молдавија?
Русија претходно тврдешеа дека „постојат докази за угнетување на населението што зборува руски“ како изговор за воена интервенција во делови од соседните земји каде живее мнозинското проруско население.

Путин имаше слични тврдења пред нападот на Украина на 24 февруари. Рускиот претседател одлуката за инвазијата ја оправда со обвинувања за угнетување на руското население и на оние што зборуваат руски во Донбас, регион на исток каде се наоѓаат самопрогласените Народна Република Доњецк (ДНР) и Народна Република Луганск (ЛНР).

Путин тврдеше дека Украина „извршила геноцид врз руското население во Донбас од 2014 година“ и дека целта на влегувањето на руските тенкови во Украина била да го заштитат тоа население.

Исто така, слични тврдења беа причина Русија да интервенира воена во Грузија, каде двете територии еднострано прогласија независност, што доведе до војна во Грузија во 2008 година. Станува збор за Јужна Осетија и Абхазија, кои денес, освен Русија, ДНР и ЛНР, ретко кој во светот ги признава како независни држави.

Што е Придњестровје?
Придњестровје, или ПМР (Придњестровје Молдавска Република), е мала област на територијата на Молдавија која прогласи независност на 2 септември 1990 година, пред распадот на СССР. Во оваа област живеат околу половина милион луѓе, а мнозинството се Руси (околу 30 проценти) и Молдавци (исто така околу 30 проценти).

Придњестровје е повеќе тампон зона меѓу Украина, со која се граничи со остатокот од Молдавија, чиј дел е официјално, но Кишињев нема овластување или контрола врз оваа територија.

Вкупната површина на овој регион е само околу 4.000 квадратни километри, но границата што ја дели со Украина е подолга од 800 километри.

Земјата, која не беше призната од ниту една земја-членка на ОН, вклучително и Русија, е широка околу десет километри. Според уставот на ПМР, официјални јазици се молдавскиот, рускиот и украинскиот, а официјалната азбука е кирилица. Главен град на Придњестровје е Тираспол со население од 135.700 жители, а други поголеми градови се Бендер и Дубасари.

Помеѓу 1991-1992 година избувна дури и кратка војна меѓу молдавските и придњестровските сили, откако Михаил Горбачов, во обид да го зачува СССР, ја прогласи независноста на Придњестровје за неважечка.

Тензиите ескалираа по распадот на СССР во март 1992 година, а додека беше прогласен прекин на огнот во јули, загинаа најмалку 1.000 луѓе. Оттогаш, Придњестровје е во мир.

Веќе некое време во Русија и Украина постои актуелен предлог за признавање на Придњестровско Молдавска Република. Сепак, тоа веќе не е актуелно. На состанокот на ОБСЕ во 1999 година во Истанбул, Русија вети дека ќе ги повлече своите сили од областа, но тоа не се случи.