ВМРО-ДПМНЕ даде рок од два дена министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот Илир Хасани да поднесат оставки до Собранието. Во спротивно  Мицкоски иако звучи како да нема поим од правната постапка, најави дека ВМРО самото ќе поведе таква иницијатива. Останува нејасно дали на толку правници во партијата ниту еден не се најде да го посоветува дека оставките на министрите не се поднесуваат до Собранието туку до мандатарот.

Многу брзо претседателот на Собранието Талат Џафери реагираше и појасни  дека членот на кој се повикува ВМРО-ДПМНЕ не се однесува на постапка за разрешување. Тој уверува дека оставка се поднесува само до тој го предложил функционерот, а во случајот, министерот Венко Филипче и заменикот Илир Хасани тоа треба да го направат до премиерот Зоран Заев како мандатар за состав на Влада.

Со ова согласен е и професорот од правниот факултет Борче Давитковски, кој потврдува дека нема потреба министерот да му поднесе оставка на на спикерот Џафери.

Не е грев да не се познаваат законите и правилниците, но страшно е да имаш правници во партијата како што е гласната Татјана Каракамишева, потоа Гордана Силјановска или Иванка Василевска па да не ги консултираш и јавно да се посрамотиш со смешни постапки за добивање политички поени.

Мицкоски најави и понатамошни чекори за откривање на вистината за пожарот што ја зафати модуларната болница во Тетово ноќта на 8 септември во кој загинаа 14 лица, но како овој човек е лидер на најголемата опозициска партија и какви чекори планира да преземе останува енигма ако не знае основни правни дејствија.