Откако српските медиуми вчера објавија дека во белградската населба Умка е најден машки леш во фаза на распаѓање врзан за сплав, сега се чека идентификација.

На местото на настанот отишле екипи на Итната помош, а затоа што телото е во напредна фаза на распаѓање, ќе се чекаат форензирачи.

Како што објави Јутарњи.хр, резултатите ги чека и хрватската полиција затоа што се уште се трага по исчезнатиот 27 годишен сплиќанин Матеј Периш. Додека не добијат точни информации, нема да се обраќаат во јавност.

Периш исчезна на 31 декември кога се оддалечил од клубот Готик во Белград.