Малку затресе и се слушна звук на бучава, напишаа граѓаните за вечерашниот земјотрес од 2.7 степени кој го стресе скопскиот регион.

Потресот според првичните податоци бил со силина од 2,7 степени и се случил во 23 часот и 06 минути.

Епицентарот бил на 13 километри источно од скопско Студеничани, на длабочина од 1 километар.