Продавниците се полни, времето е убаво, морето студено, а цените на храната и пијалоците се за едно евро повисоки од ланските, велат за српски медиуми , туристи кои штотуку се вратиле од Паралија.

Милан Рачиќ штотуку се вратил од Грција а за „Ало.рс“ вели дека продавниците таму се преполни, времето е убаво, но водата е сѐ уште студена, а ноќите свежи. Потврди дека цените се малку повисоки од лани, дека се поскапело во просек за евро, евро и пол, но дека сепак е прифатлива дестинација за одмор.

Во Паралија каде што бил на одмор немало гужва, а според неговите проценки моментално има околу 300 гости.

Оние кои сакаат да седат во ресторан ќе платат седум евра за гиро, но гирото и сувлакито се по 2,7 евра во киосците за брза храна.

– Ако некој мисли на тоа дека ќе плати гиро за евро пред повеќе од две-три години, нека не оди ни во Грција – вели Милан и додава дека треба да се жртвува нешто за одмор и уживање.

Лебот во некои продавници чини 2,5 евра, но за помалку пари се наоѓа, се е прашање на избор, вели Милан и додава дека продавниците се полни, ништо не фали.

Според порталот biznis.telegraf.rs, статистичките податоци покажуваат дека во Грција поскапеле овошјето, зеленчукот, маслото, мастите, лебот и месните производи. Г

Доколку планирате патување во Грција, можете да добиете многу корисни информации на Фејсбук групите Live from Greece и Grčka.info, страници кои ги собираат граѓани кои летуваат во таа земја, имаат недвижен имот таму или едноставно сакаат да читаат информации за Грција.

Еден од корисниците забележал дека сместувањето годинава е речиси двојно поскапо, но Владана Б., што би рекле од прва рака, пријавила дека во вторникот пристигнале во Солун, дека на граница нема гужва, никој не ги прашал за потврда и тоа гиро чинело колку лани.

„Ја сакам Грција, и нека е скапа, не одам само за гиро“, напиша еден од членовите на групата на Фејсбук, а оние на кои им се допаѓа оваа дестинација се согласуваат дека тие што имаат пари одат на одмор и дека ако треба да се плати некое евро повеќе тоа нема да може да им го расипе одморот.

Без маски од 1 јуни

На туристите кои патуваат во Грција за првомајските празници нема да им требаат дигитални зелени сертификати, негативни PCR тестови или сертификати за вакцинација за да влезат во земјата. Грчкото Министерство за здравство објави дека до 1 септември ќе бидат укинати пропусниците за Ковид и ограничувањата за бројот на луѓе во затворени простории, а носењето заштитни маски нема да биде задолжително во затворените простории, туку мерката ќе стапи на сила дури од 1 јуни.