Aмериканската валута доларот може да заврши како фунтата.

Доларот е на пат да ја изгуби глобалната доминација. Тој се соочува со предизвиците со кои се бореше британската фунта на почетокот на 20 век, предвидуваат од Голдман Сакс, пишува БизнисИнсајдер.

Ако се изземе фактот дека сега доларот доминира со глобалните плаќања (за нафта, гас, метали и останато), економијата на САД има реално мал удел во глобалното тргување. Америка самата е голем увозник на стоки, што е причина за големите долгови во кои земјата се наоѓа. Војната во Украина дополнително ја влошува ситуацијата. Еврото го запре растот и вчера се тргуваше за 1,1047 долари.