Д-р Стефановиќ: Гледаме пациенти кои се добро следени и лекувани по осум недели и на крај сме ја изгубиле битката за секунда
Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Д-р Стефановиќ: Гледаме пациенти кои се добро следени и лекувани по осум недели и на крај сме ја изгубиле битката за секунда

Според директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ очекувано е бројот на смртни случаи да биде поголем со оглед на бројката на новодијагностицирани и бројот на хоспитализирани пациенти.

– Ако ги следите и светските трендови ќе видите дека со зголемувањето на бројот на нови случаи и пополнувањето на капацитетите, бројот на смртни случаи расте. Она што ние го правиме е максимална транспаретност и отвореност кон јавноста во однос на секоја бројка, па и бројката на смртност. Се соочуваме со исклучително тешки пациенти на самиот прием кога е навистина тешко да се помогне и да се спаси пациентот, но исто така и гледаме пациенти кои се добро следени и лекувани по осум недели и на крај сме ја изгубиле битката за секунда, рече Стефановиќ во гостуување за ТВ 21.

Двајцата нагласија дека на ниту еден пациент не му е скратено правото да добие соодветна нега.

Во однос на типот на лекување, министерот Филипче посочи дека нема специфична терапија, туку се прави комбинација на лекови.

– Сè уште е ова болест која се лекува со комбинација на лекови врз основа на симптомите кои ги дава пациентот, рече Филипче.

За гужвите пред болниците и тријажните центри, министерот рече дека гужвите не се затоа што некој не работи, туку едноставно зошто лекарите не можат да постигнат.

Можеби ќе ве интересира...

Владата одлучи: Налепници со НМК, наместо нови регистарски таблички

Vesti +

Спасовски: Капитални расходи за реконструкција на Центарот за обука Идризово и Управните служби, изградба на нов објект за ПС Аеродром

Vesti +

Вучиќ: Да беше кај нас дронот ќе го соборевме за 5 минути

Vesti +

СДСМ: Левица и Апасиев го земаат Мицкоски во заложништво

Vesti +

Еве зошто не треба да користите мобилен телефон пред спиење

В+

Шахпаска: Зголемување на опфатот на деца во градинките во Општина Свети Николе и Општина Росоман

Vesti +