Епидемиологот Сашо Олумчев од Гевгелија, предупредува дека новиот сој „Омикрон“ кај нас ќе се појави за еден месец, но ќе се шири меѓу младите од 20 до 30 години.

-Од прилика имаме околу 30 мутации на ковид 19 кои може да ни предизвикаат проблеми и во прашање да ја доведат ефикасноста на вакцините.Новиот сој, Омикрон веќе е пристигнат во Европа, кај и да е, кај нас може да се појави за еден месец, изјави докторот за „Локално“.

Како причини зошто овојпат на таргет се младите, докторот ги наведува честите дружења и контакти без маска и недржењето дистанца.