Руската нафта оди и на турскиот пазар. Турција двојно го зголеми увозот на нафта од Русија.

Станува збор за повеќе од 200.000 барели дневно, додека во истиот период минатата година Турција увезувала 98.000 барели дневно од Русија, наведува „Рефинитив“. Турција не воведе санкции против Русија. На турските фирми не им е забрането да соработуваат со руски компании. ЕУ и САД поради руската инвазија на Украина воведоа серија на санкции. Естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу денеска повика на нови санкции против Русија поради војната со Украина, јави ДПА. Новиот пакет санкции предложен од Естонија вклучува сеопфатно енергетско ембарго.