Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC) спроведе анкета, во пресрет на локалните избори на 17 октомври.

Станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ со 1231 испитаник во директен контакт според случаен метод.
Истражувањето беше спроведено во одредени општини на Република Северна Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степен на образование и географската распределбa.
Истражувањето е спроведено во периодот од 19 септември до 27 септември 2021 година.

На прашање – За кој кандидат ќе гласате на локалните избори во Куманово, резултатите покажуваат Оливер Илиевски од СДСМ во убедливо водство за градоначалник на Куманово со 23,65% од испитаниците, додека другите кандидати Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ има 17,75%, група избирачи со Максим Димитриевски има 12,35%, Беким Салиу од АСХ и Алтернатива со 7,65%, и Теодора Димитровска од ЛДП која има 0,45%, додека 38,15% одбиваат да дадат одговор.