Денес се регистрирани 572 нови случаи на Ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 184.277 – Оздравени се 694 пациенти – пријавени се 30 починати лица.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:

Во последните 24 часа се направени 4.511 тестирања, а регистрирани се 572 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 287, Куманово – 58, Кавадарци – 24, Тетово и Кичево – по 21, Велес – 19, Гостивар – 15, Прилеп – 14, Битола, Кочани и Радовиш – по 11, Струмица – 10, Охрид и Струга – по 9, Штип и Свети Николе – по 8, Гевгелија – 7, Неготино, Берово и Валандово – по 4, Ресен и Пробиштип – по 3, Виница и Кратово – по 2, Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод, Демир Хисар, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 694 оздравени пациенти од: Скопје – 340, Куманово – 63, Струмица – 49, Гостивар – 45, Тетово – 44, Дебар – 21, Штип – 19, Радовиш – 18, Кавадарци и Велес – по 14, Гевгелија и Крива Паланка – по 11, Неготино – 9, Делчево – 7, Кочани и Виница – по 5, Кратово – 4, Свети Николе и Валандово – по 3, Кичево и Берово – по 2, Прилеп, Струга, Пробиштип, Богданци и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се 30 починати лица: 10 починати лица од Скопје (88г, 76г, 74г, 74г, 70г, 67г, 67г, 63г, 59г, 43г), 4 починати лица од Гостивар (77г, 71г, 57г и 51г), по две починати лица од Куманово (82г и 78г), Тетово (75г, 58г) и Кавадарци (69г, 66г), по едно починато лице од Велес (77г), Струмица (82г), Штип (83г), Неготино (98г), Свети Николе (66г), Радовиш (68г), Берово (69г), Виница (77г), Демир Капија (25г) и Пехчево (78г).

Од пријавените 30 лица, 27 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.

Направени се 4.511 тестови преку: ИЈЗ-304, ЦЈЗ Скопје-68, ЦЈЗ Битола-66, ЦЈЗ Прилеп-59, ЦЈЗ Тетово–88, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 10, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–10, Жан Митрев (Филип Втори)-112, Авицена-277, Биотек-294, Систина-109, лабораторија Лаор-198, Синлаб-28, Ремедика-14, Плодност–52, Генеа-31, Никоб лаб-492, ВФВ Медикал-72, Ели Медика-108, Ројал Медика –20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.037.

Досега во земјата се направени вкупно 1.229.600 тестирање на Ковид-19.