Претседателот Зоран Заев ќе биде меѓу граѓаните на Општините Маврово -Ростуше, Дебар, Вевчани и Струга, а вечерва ќе учествува на граѓанска трибина и промоција на кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници на Општина Охрид пред хотел Палас од страна на Кеј со почеток во 20:00 часот, каде ќе има и свое обраќање.

Вториот караван ќе биде во Општина Шуто Оризаре, каде потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски ќе се обрати на граѓанска трибина со почеток во 18:00 часот, а претходно потпретседателот Спасовски ќе биде на средби со граѓаните на општините Сарај и Ѓорче Петров.