Изјава на Слободанка Момчилова, членка на ИО на СДСМ Штип:

Владата предводена од СДСМ преку Министерството за транспорт и врски , покажа што значи вистинска и целосна поддршка за Општина Штип.

Се финансираат проекти базирани исклучиво на барањата и потребите на граѓаните, а не тоа на која политичка партија припаѓаат градоначалниците или кој го има мнозинството во Советот.

Таков пример е и Општина Штип, каде централната власт преку Министерството за транспорт и врски има вложено изминатиов период во проекти , износ за кој инаку би биле потребни 40 годишни буџети на Општина Штип.

Како еден од поважните инфраструктурни проекти кои се во завршна фаза се и улиците токму овде, во населба Автокоманда.

Комплетно се реконструираат и асфалтираат улиците „Браќа Даневи“, „Петти конгрес“ и „Солидарност” во вредност од речиси 30 милиони денари.

И покрај опструкциите и неспособноста на локалната власт во Штип за ненавремено завршување на подземната инсталација, промена на водоводна и канализациона мрежа, конечно овие улици целосно се завршуваат и се во функција.

Со ваквата поддршка од централната власт, градоначалникот Јорданов треба да биде благодарен што неговата работа останува да го собира сметот во градот, да има чиста вода за пиење и да светат уличните светилки во градот.

Тој треба да се извини на граѓаните од оваа населба поради неспособноста и ненавремено завршување на неговите обрски.

Наместо да биде сервис на граѓаните и да го оправда неговиот мандат добиен од неговите гласачи, тој единствено понуди нефункционални јавни претпријатиеја, поскапи услуги за граѓаните, зголемени даноци и обид за задолжување на општината.

Тоа е резултатот на штипскиот градоначалник, за разлика од Владата на СДСМ која инвестира плански, обезбедува средства за нови проекти и останува сервис на граѓаните