Има се повеќе докази дека градот Волноваха во источна Украина паднал во рацете на руските сили и нивните сојузници.

Градот бил опколен речиси од почетокот на руската инвазија, но жестоко го бранеле украинските сили.

На некои видеа на социјалните мрежи од градот се гледаат руски војници и возила во неколку населени места, како и напуштени украински тенкови.

Други снимки покажуваат широко распространето уништување во Волноваха. На социјалните мрежи се шири видео од локалната болница во урнатини.

*фотографијата е илустративна