Опасна болест која му се заканува на црниот дроб се шири меѓу децата во САД.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во четвртокот издаде предупредување до здравствените работници, предупредувајќи дека „група“ од најмалку девет невообичаени педијатриски случаи на хепатитис биле забележани во Алабама во последните месеци, а може да има и повеќе.

ЦДЦ соопшти дека овие случаи на воспаление на црниот дроб биле предизвикани од аденовирус, а не од КОВИД-19.

Првите случаи во САД беа идентификувани во октомври 2021 година во „Големата детска болница“ во Алабама, соопшти ЦДЦ.

До ноември, пет пациенти имале значително оштетување на црниот дроб, а тројца од нив имале акутна хепатална инсуфициенција. На двајца пациенти им била потребна трансплантација на црн дроб, но за среќа ниту еден не починал.

Слични случаи беа пријавени во ОК претходно овој месец, а Светската здравствена организација минатата недела соопшти дека други биле забележани во Шпанија и Ирска. ЦДЦ минатата недела ѝ соопшти на државата дека случаите во САД се кај деца на возраст од 1 до 6 години, а Министерството за здравство на Алабама во соопштение на 14 април рече дека сите заразени деца се на возраст под 10 години.

Респираторниот аденовирус на работа?
Виновникот за случаите на воспаление на црниот дроб се чини дека е патоген наречен аденовирус 41, вирус кој се шири (како и КОВИД-19) со близок контакт и респираторни секрети.

Аденовирусите можат да се шират и преку столицата, па затоа миењето и дезинфекцијата на рацете е исклучително важно.

Сите деца со овој хепатитис претходно биле здрави и немале КОВИД-19, соопшти здравствената агенција. Ова е збунувачки бидејќи аденовирусот 41 обично инфицира само деца со ослабен имунолошки систем, според ЦДЦ. Не постои лек за болеста.

Аденовирусот 41 често предизвикува акутен гастроентеритис кај децата, со симптоми кои вклучуваат: дијареа, повраќање, температура, како и респираторни симптоми.

Засега, ЦДЦ препорачува лекарите да ги тестираат децата со необични, необјаснети случаи на хепатитис за аденовирус, користејќи PCR тестови.