Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈА

Царовска го посети обновеното училиште во Заполжани: Обезбедуваме современи услови за настава за секое дете

Министерките за образование и наука и за одбрана, Мила Царовска и Радмила Шекеринска и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, денеска го посетија обновеното училиште “Пецо Даскалот” во Заполжани, Општина Долнени.

Министерката Царовска при посетата изјави дека со реконструкција Владата ги исполни ветувањата на жителите и на дечињата дадени пред нецела година за реконструкција на училиштето.

“Навистина сум среќна што денеска сме овде во обновеното училиште кое доби целосно нов и современ изглед, а учениците од септември учебната година ќе ја започнат, како што доликува, во безбедни и достоинствени услови. Со осовременување на училишните објекти и обезбедување на современи услови за настава ги задржуваме младите во своите родни места со што придонесуваме за рамномерен развој на целата држава.

Со ова како Влада покажавме и докажавме дека подеднаквата грижа за децата е наш врвен приоритет и дека нема пречки да се обезбедат финансии кога се работи за унапредување и развој на квалитетот на образованието. Овие наши напори беа поткрепени со поддршка од Владата на Швајцарската Конфедерација, односно Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија која ги обезбеди финансиските средства во рамки на програмата за Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, Швајцарскиот проект, за што изразувам огромна благодарност до амбасадорката”, рече Царовска.

Министерката Царовска истакна дека секоја паметна држава, вистински инвестира во образованието на децата, со што директно влијае на развојот на економијата.

“Ова се и главните цели на реформските процеси кои ги започнуваме од новата учебна година – создаваме современо образование за што развивме нови квалитетни наставни програми, инвестираме во подобрување на условите во училиштата, но и во поддршка и развој на наставниот кадар”, рече Царовска.

Согласно проектот реконструиран е објект со опфат од околу 300 м2, односно две училници, наставничка канцеларија, помошни објекти за одвивање на практична настава, како и помошни управни простории. Инвестирани се околу 6 милиони денари од кои половината се од Министерството за локална самоуправа, а другата половина од Швајцарската влада.

Овие инфраструктурни активности се реализираа во тесна соработка помеѓу институциите на национално, регионално и локално ниво, што е уште една придобивка. Обновувањето на училиштето е чекор напред кон остварување на заложбите на Владата за развој и напредок на целата територија, преку капитални инвестиции кои ќе го подобрат животот на сите граѓани.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Ценовен шок во Србија: Струјата поскапува за 8 отсто, гасот за 11%

Агенцијата за енергетика го одобри поскапувањето на струјата и гасот од 1 јануари 2023 година во соседна Србија, соопшти РТС. Од почетокот на 2023 година цената на киловат-час струја кај домаќинствата ќе биде повисока за 8 отсто, а гасот за 11 отсто. Според пресметките на Агенцијата за енергетика, сметката за домаќинствата кои трошат во просек […] The post Ценовен шок во Србија: Струјата поскапува за 8 отсто, гасот за 11% appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Подгответе се: Влажен бран над Македонија од среда – следува дожд и сннег

По влијание на влажен бран во среда и во четврток времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Локално врнежите ќе имаат пообилен карактер. Прогноза за 30.11.2022 Минимална температура: 0°C до 5°C Максимална температура: 4°C до 9°C Облачно со повремени локални врнежи од дожд,... Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Си-ен-ен: Сирија му одобри пристап на руски брод со украдено украинско жито

Vesti +

Ова е најповолно време за страсти според хороскопот

Vesti +

Илиевски на Телма: Аудио снимката покажа дека луѓе на Димитриевски сакаат да купуваат гласови за 500 денари

В+

СДСМ: Јасна порака на ЕУ дека ги поддржува законските измени за судиите, ВМРО-ДПМНЕ е очајна

Vesti +

Овие неколку хороскопски знаци најлесно ги освојуваат женските срца

В+

ДРАМА ВО БОГДАНЦИ: Со моторна пила им влегол на сопружниците на спиење, тоа што настанало потоа е вистински пекол!

В+