Од компанијата Кока Кола Хрватска соопштија дека по извршената анализа е потврдено дека е здрава целата серија минерална вода Ромерквела, која пред неколку дена беше повлечена од пазарот.
Последната анализа на Државниот инспекторат на Република Хрватска од 16 ноември 2023 година отстранува секаков сомнеж за квалитетот и здравоста на нашите производи, се вели во соопштението, пренесе Индекс.
Серијата минерална вода Ромерквела имушн со вкус на боровинки и калинка, од 330 шишиња, поврзана со случајот во Риека, е повлечена од пазарот на 8 ноември 2023 година, по барање на Државниот инспекторат на Република Хрватска.
– Драго ни е што овој наод на Државниот инспекторат на Република Хрватска ги отстранува сите сомнежи за квалитетот и здравоста на нашите производи. Продолжуваме со целосна транспарентност да соработуваме со сите надлежни органи во текот на истрагата за изолиран случај во Риека – се нагласува во соопштението.