Кандидатот на СДСМ за Градоначалник на Куманово, Оливер Илиевски, го честита Денот на независноста на Република Северна Македонија. Во продолжение интегралната четитка на Илиевски:

“Почитувани сограѓани,
Честит 8 септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија, ден на историското „ЗА” на македонското граѓанство за независна, самостојна и суверена држава.

Пред 30 години, покажавме зрелост за самостојна држава и оттогаш наваму заеднички ги надминувавме сите предизвици, во завет со нашите предци Илинденците и АСНОМ-ците да продолжиме да го трасираме патот за идните генерации, со одлуки еднакво храбри како нивните, да обезбедиме светла иднина, во слободна држава, како Македонци, кои зборуваат македонски јазик, со признат македонски идентитет.

Членка на најмоќниот НАТО сојуз, рамо до рамо со светските сили, а во иднина и ЕУ членка, дел од семејството со кое споделуваме вредности на демократија, реформи, владеење на право и почит кон различностите.

Да продолжиме да си ја градиме државата во економски просперитетна, во Едно општество со еднакви можности за сите, дигитализирана и еко држава.
Честит нека е јубилејот 30 години од независноста!”