Шефот на германската дипломатија Аналена Баербок денеска изјави дека Европската унија мора да се подготви за осум милиони украински бегалци.

Бурбок посочи дека Европската унија мора да разбере дека повеќе бегалци од Украина ќе пристигнат преку границата. Инаку, според податоците на ОН, раселени се околу десет милиони Украинци.

Исто така, шефот на германската дипломатија изјави дека Европската унија ќе испрати 1,1 милијарда американски долари воена помош за Украина.

– Последните слики кои доаѓаат од Украина овие часови се потресни. Се гледа дека тие се повеќе ја бомбардираат цивилната инфраструктура, намерно бомбардираат болници во последните неколку дена и гаѓаат театри, иако знаеја дека луѓето и семејствата се засолниле во тие згради. Се разбира, за тоа мора да решат судовите, но за мене тоа се јасни и неспорни воени злосторства.

Ние, како Европска унија и оние земји кои веруваат во меѓународен поредок заснован на правила, мора да преземеме дополнителни чекори за изолирање на овој режим – рече Бербок, кој го посети главниот град на Босна и Херцеговина пред 11 дена.