Како што објави порталот Centar.mk, денеска околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) државјани на Бугарија кои прво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале кон полицијата.

– Потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот, пренесува Centar.mk.