Бугарското МНР реагира бидејќи македонски политичари ја споредуваат нивната политика врз Македонија со руската агресија во Украина.

Министерството за надворешни работи на Бугарија изразува загриженост и вели дека станува збор за злонамерната кампања против нивната земја која, наводно, имала за цел да поттикне анти- Бугарско расположение.

„Уште позагрижувачки е тоа што се прават обиди за намерна злоупотреба на трагичните настани во Украина како резултат на руската воена агресија. Сметаме дека таквите цинични сугестии мора категорично да се отфрлат. Никој нема право да ја злоупотребува трагедијата на Украинците на овој начин. Министерството за надворешни работи е загрижено за можното негативно влијание на ваквата кампања врз позитивните трендови на политичкиот дијалог во последните месеци“, соопшти бугарското МНР.

Новинската агенција БГНЕС пишува дека пред само три дена лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој е дел од владината коалиција предводена од Димитар Ковачевски, Бугарија ја нарекол геноцидна држава.