Владо Бучковски, поранешен премиер и специјален претставник на Македонија во преговорите со Бугарија проценува дека бугарската влада ќе опстане со Кирил Петков на нејзино чело.

„Групација на моќни олигарси е најголемата опасност за владата на премиерот Кирил Петков, но моја проценка е дека, сепак, таа ќе преживее, иако тој изрази подготвеност да продолжи и со малцинска влада. Се надевам дека, сепак, ќе стигне до потребната бројка на пратеници со кои ќе може да го обезбеди потребното мнозинство. Најнепосакувана варијанта за мене е распуштање на парламентот и Бугарија да оди на нови избори“, вели Бучковски во вечерашното гостување на „Топ тема“ на ТВ Телма.