Британските војници, чиј контигент е дел од последната воена вежба на НАТО на полигонот Криволак, по серијата инциденти кои ги предизвикаа во земјата, според одговорот од Министерството за одбрана, нема да одговараат кривично во нашата земја.

Министерството за одбрана вели дека поведувањето постапки и евентуално санкционирање на странските војници е во надлежност на државите и институциите на земјите од каде што доаѓаат војниците.

„Сите војници кои доаѓаат од сојузничките земји на обуки и вежби во Северна Македонија потпаѓаат под НАТО СОФА – договорот (Договор за статус на сили), кој важи за сите земји – членки на Алијансата. Домашните институции кои имаат обврска да го одржуваат јавниот ред и мир и во случај на негово нарушување можат да интервенираат и да спречат ескалација, но нивната надлежност е ограничена. Поведувањето постапка и евентуалното санкционирање е во надлежност на државите и институциите на земјите од каде што доаѓаат војниците”, гласи одговорот од МО за МКД.

Ниту во едниот, ниту во другиот случај, според одговорот од МО, за нив МВР не може да поднесе пријава , бидејќи како што велат, нивната надлежност е ограничена, иако во изминатиот период имаше грабеж на автомобил, кршење ресторан и напад на службено лице.

Британскиот контигент е дел од мултинационалната вежбата „Брз одговор 22″ во која се реализираат воздушни десанти во овој обем. Во воената вежба на „Криволак” учествуваат 4.600 припадници од вооружените сили на осум земји членки на НАТО: