Владимир Путин може да објави нова светска војна во наредните денови, предупреди британскиот министер за одбрана Бен Валас, пренесуваат медиумите во светот.

Валас кажал дека рускиот лидер може да почне „масовна“ мобилизација и да го искористи први мај за да им објави војна на светските „нацисти“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека опасноста од нуклеарна војна е сериозна.

Сега Валас изјавил дека Путин, кој не успеа да ги постигне повеќето од своите цели во војната со Украина, може да им објави војна на „светските нацисти“, пишува „Мирор“.

Тој смета дека рускиот автократ би можел да го смета Меѓународниот ден на трудот како добар повод за таа најава.

„Не би бил изненаден. Можно е на 1 мај да изјави дека сега е во војна со светските нацисти и дека масовно го мобилизира рускиот народ“, изјавил Валас.

Тој додал дека Путин, бидејќи не успеал во своите цели досега, можеби „сака да го консолидира она што го има“.

Околу 8.000 војници на британската армија ќе учествуваат во вежби низ Источна Европа за борба против руската агресија во едно од најголемите распоредувања од Студената војна, пишуваат медиумите.

Според написите во светските гласила десетици тенкови летово ќе бидат распоредени во земји од Финска до Северна Македонија.