Vestiplus.mk
+КОРОНАВИРУС

Британски научник објаснува: „Коронавирусот нема никогаш да исчезне, а ни вакцината нема да го запре“

„Коронавирусот веројатно никогаш нема да исчезне и вакцината нема да го запре во целост“, рекол британскиот сер Патрик Валанс во обраќањето пред Домот на лордови.

Валанс, научник и клинички фармацевт, и од неодамна и главен советник за наука при Парламентот на Велика Британија, смета дека короната еден ден ќе биде како грип и ќе избива секоја година.

Истакнал дека министрите и експертите треба да престанат со преголеми ветувања и да бидат реалистични кога станува збор за појава на вакцината против коронавирусот.

„Најверојатно нема да се произведе пред пролет“, рекол Валанс.

Исто така, рекол дека верува дека грипот е и понатаму најголема закана за Велика Британија.

„Мислам дека е малку веројатно дека ќе имаме вакцина која во целост го запира коронавирусот, веројатно оваа болест ќе кружи. Секако, како што раководењето со пандемијата ќе биде подобро, вакцинацијата ќе ги намали шансите за инфицирање и болеста нема да биде толку сериозна, но тогаш коронавирусот повеќе ќе личи на сезонски грип отколку на било што друго. Тоа веројатно ќе биде патот по кој ќе се движиме“, рекол тој.

Можеби ќе ве интересира...

Македонија плаче: Почина 15 годишно девојче од коронавирус во Скопје

В+

Шахпаска: Со новиот Закон за работни односи ја олеснуваме работата на сезонските работници и во земјоделието

Vesti +

Илиевски: Call центар во општината за секое барање кое го имаат граѓаните

В+

Нов лик за шеталиштето Кај Жабарот

Vesti +

СДСМ Скопје – Зошто Данела Арсовска бега од новинарски прашања?

Vesti +

Спасовски: Да не бегавме од реалноста и да имавме храброст ќе бевме членка на ЕУ заедно со Хрватска

Vesti +