Воениот аналитичар Џек Ватлинг од Кралскиот институт за Обединети услуги даде преглед на актуелната воена стратегија на руските трупи во Украина.

– При напредувањето на воените сили се троши многу гориво, муниција и залихи. Сè додека војниците имаат доволно резерви, тие можат да продолжат да напредуваат. Сепак, во еден момент ви требаат нови залихи – изјави Ватлинг за Би-Би-Си.

– После тоа сте во фаза на чекање, а со секоја нова пратка добивате само ограничена количина на залиха со која можете ограничен напредок. Ова го успорува темпото на воените операции. Така, Русија сега се движи од воена стратегија на неколку истовремени области на напредување во една каде што освојува област по област, бидејќи тие се принудени да ги концентрираат најголемиот дел од своите залихи на само едно место – смета Ватлинг.

Тој додава дека главната стратешка цел на Русија е Мариупол.

– Тие обезбедуваат позиции околу Киев и Харков, но сега главна стратешка цел им е Мариупол. Ако падне Мариупол, тогаш можам да преместам поголем дел од моите сили во друга област. Така што мислам дека сега следиме воена стратегија на постепено освојување – рече Ватлинг.

Тој наведува дека Русите ќе се обидат да ги изолираат своите цели поединечно, да изгладнуваат еден град, а потоа да преминат во другиот и дека сега е побавна фаза од војната пред нас.