Vestiplus.mk
+ БИЗНИС ТОП ВЕСТИ

„Брако“ од понеделник на саемот за жичани производи во Диселдорф

Во понеделник „Брако“ со свој штанд ќе им се придружи на најдобрите производители на жица и жичани производи на саемот „Wire“ во Диселдорф, Германија.

Очекувањата се дека презентацијата на „Брако“ на престижниот саем во Диселдорф ќе придонесе во реализирањето на целта за производство на 3.000 тона месечно, жичани производи во следните четири години.

„Наша цел, како изложувачи на ’Wire Dusseldorf’ е да ја презентираме широката палета на жичани производи по која сме препознатливи во регионот, со посебен акцент на производствената програма на најновите еколошки постројки за производство на поцинкувана жица, со кои сме многу горди и сме први во Европа,“ вели директорот на жичано производство во „Брако“, Љупчо Прентоски.

Жичаното производство е една од првите производствени програми во компанијата која континуирано се развива со низа инвестициски активности во технолошки и просторни капацитети. Оваа програма опфаќа производство на клинци, жарена жица, опружна жица, поцинкувана жица, универзално жичано плетиво и бодликава жица.

На саемот кој што годинава се одржува од 20 до 24 јуни под слоганот „Join the best“ во Messe Dusseldorf свое присуство имаат потврдено повеќе од 1.300 изложувачи од целиот свет кои на простор од над 57 илјади метри квадратни ќе ги презентираат своите производи и иновативни машини за производство на жици и кабли.

Можеби ќе ве интересира...

Дваесетина повредени во судирот кај Битола, во комбето работници се враќале од работа

В+

12 починати и 373 нови случаи на Ковид 19 во изминатото деноноќие

Vesti +

Заев: Со Бугарија потпишавме дека имаме заедничка историја, но целиот Балкан има таква историја

В+

Претседателот Заев кон Мицкоски: Заврши времето кога можевте да бидете и истражител и обвинител

В+

Прилично силен земјотрес го стресе тетовско, “дрмаше” и во Скопје

Vesti +

СДСМ обелодени голем скандал за незаконско работење на градоначалникот на ВМРO-ДПМНЕ во Гази Баба, Бобан Стефковски

В+