Градоначалничката Данела Арсовска е демантирана и од страна на градежниците за Универзалната сала, изјави Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје.

Таа рече дека наместо реализација на проектот за кој Владата има дадено 2 милиони евра на град Скопје, Арсовска се обиде со лага да ја оправда својата неработа.

„Експересно, невистините на градоначалничката Арсовска ги демантираа и градежниците. Проекетот за Универзална е стручен и безбеден, има добиено позитивно мислење од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, од Градежниот факултет, а надзорот ги одобри сите градежни зафати. За период од 4 месеци колку што е градоначалничка Арсовска требала целосно да ја заврши оваа фаза од проектот а не да измислува оправдување. Наместо невистини и безбројни оправдувања за својата неработа Данела Арсовска треба се фати за работа и да го заврши овој важен проект за скопјани, но и за целата држава“, рече Божиновска.

Како што додаде, Универзална сала е симбол на Скопје и на солидарноста, па недозволиво е со месеци реконструкцијата да стои закочена.