„Шест милиони евра долг остави мојот претходник. Долговите ги вративме и сега касата на општината е полна“ со овие зборови ја почна дебатата градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски и кандидат за уште еден мандат од страна на СДСМ.
Според зборовите на Георгиевски, општина Гази Баба вложила преку 15 милини денари само во делот на атмосферските канализациони системи. Тој се слага со забелешките дека може да биде и подобро, но затоа треба да се продолжи со правилна стратегија и со полн буџет.
Како што накгласи Борис Георгиевски атмосферската канализациона мрежа е поставена 1963 година што е многу поразлична од сегашната и по структура и по број на население.

„Во однос на паркинг просторот размислуваме за монтажни и катни гаражи. Тоа не успеавме да го направиме затоа што опозицијата постојано опструира и со блокади на средствата и на ребалансот не дозволува да се изградат таквите капитални проекти, иако сме ги ветиле и иако сме можеле да ги имплеменираме“ рече кандидатот за градоначалник од СДСМ.
Само во последниве една ипол година успеавме да направиме атмосфераска и фекална канализација во пет населени места а ќе почнеме и во други
Тој одговори на забелешките дека немало доволно капитални проекти:
„Пробивањето на Булеварот АСНОМ и мостот Михајло Апостолски поминува токму низ Керамидница. Наместо 43 куќи требаше да урнеме 143. Дали ова не се капитални проекти кои ги спојуваат Аеродорм, Гази Баа и центар. Едновремено ова е првиот булевар кој минува низ Керамидница после сто години од нејзиното постоење.“

Борис Георгиевски потсети дека тој и неговиот тим успеале да реализираат над 200 проекти и покрај долговите кои им биле сотавени во наследство и како што рече „успеав да ја вратам општината на здрави нозе“.
Во општина Гази Баба има петнаесет нови инвестиции со нови 4000 работни места.