Се проценува дека секој десетти човек страда од висок крвен притисок, па затоа е многу важно да знаете како да се справите со една од најголемите болести на 21 век. Се разбира, со задолжителна посета на лекар.

Првиот чекор е да ја промените вашата исхрана.

Експертите ги препорачуваат следните намирници, а нагласуваат дека треба редовно да ги консумирате доколку имате проблеми со висок притисок и ако сте здрави, но сакате да го намалите ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

Агруми
Лимоните, портокалите и другите цитрусни овошја се богати со витамини и минерали, кои помагаат во намалување на крвниот притисок. Лимонот се издвојува по ова својство, бидејќи содржи флавоноиди.

Грејпфрутот е ефикасен и во борбата против хипертензијата, но не се препорачува да се консумира доколку земате лекови за крвен притисок.

Лосос
Истражувањата покажаа дека омега-3 масните киселини од лососот и другите риби го намалуваат високиот крвен притисок. Имено, овие киселини се одговорни за регулирање на нивото на оксилипините, соединенија одговорни за стеснување на крвните садови.

Семки од тиква
Семките од тиква содржат висока концентрација на хранливи материи неопходни за контрола на високиот крвен притисок.

Тие содржат многу магнезиум, калиум и аргинин, аминокиселина која произведува азотен оксид, кој е клучен за намалување на крвниот притисок.

Грашок и леќа
Погрижете се грашокот и леќата да бидат на вашата трпеза што почесто. Поради високата содржина на магнезиум и калиум, тие се одличен лек против хипертензија, а здрави се и поради големото количество влакна.

Ф’стаци
Ако сакате да грицкате и сакате да се храните здраво, изберете ф’стаци. Содржат многу хранливи материи кои благотворно делуваат на здравјето на срцето и крвните садови, вклучувајќи го и калиумот.