„Клучен проект во делот на пазарот на труд ќе реализираме со општинското училиште за обуки во неформално овбразование со цел стекнување на знаења и вештини во ИТ секторот. Најмалку една половина од учениците по завршувањето на средното образование, врз основа на стекнатите вештини ќе може да се вработат во ИТ индустријата“ кажа кандидатот за градоначалник на Кратово од СДСМ и коалицијата, Влатко Бојковски на трибината „Најдоброто за мојата општина“.

Тој додаде дека со вештините за програмирање и дизајнирање, учениците по матурата ќе може да се вработат во ИТ индустријата и на 18 години да земаат плати од најмалку 500 евра.

Бојковски исто така најави и проект за зголемување на наталитетот во општината во соработка со кратовската дијаспора во САД.

„Ќе има финансиска поддршка од 2.500 евра за секое новороденче, жител на Кратово, кое во рок од 12 месеци ќе се запише во детската градинка Царка Аднреевска. Овие средства ќе бидат обебзедени со продажба на градежни парцели во новопроектираната американска викенд населба во Кратово“ кажа Бојковски.

Тој исто така најави и реконструкција и санирање на детската градинка, како и набавка на мебел за занимални и дидактички помагала со цел децата во Кратово по ништо да не се разликуваат од децата во западноевропските земји.