„Барањето избори од страна на Мицкоски е за да најавува на непослушните во ВМРО-ДПМНЕ дека само нешто не дошол на власт. Тоа е неодговорно за државата“ изјави потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека внатре во партијата може да прават што сакаат, но ВМРО-ДПМНЕ не смее да ги злоупотребува граѓаните и ситуацијата во државата.

„Во ВМРО-ДПМНЕ има градоначалници кои имаат и партиски функции, кои можеби имаат поголемо влијание од Мицкоски во партијата. Оттука излегува потребата тој во континуитет да им најавува дека ќе има избори и дека тој ќе стане премиер и ќе биде над нив, за да го слушаат“ рече Богоев.

Потпретседателот на СДСМ изјави дека очекува ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и пратениците да бидат одговорни и да ја сфатат сериозноста на моментот за државата и дека сега треба да направиме чекор кој ќе ни ја трасира иднината кон ЕУ.

„Предвремени избори нема да има, а на редовните избори во 2024 година, СДСМ и коалицијата ќе победат, бидејќи граѓаните гледаат и прават разлика кој како владее“ рече Богоев.