Социјалдемократите повикуваат на општествено, национално и политичко обединување околу европската идеја, кажа потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во гостувањето на Сител телевизија. Тој кажа дека кон повикот треба да се приклучат сите општествени чинители, граѓани и бизнисот.

-Повикот е до сите кои сакаат местото на Македонија да е во Европската унија, тоа можеме да го постигнеме со скрининг, преговори и реформи, кажа Богоев.

Зборувајќи за процесот за уставни измени и има ли мнозинство од 80 пратеници тој додаде:

-Одиме на добар пат, а добро е и на овој повик да се приклучат што повеќе чинители, политичките партии и пратениците, бидејќи сега е клучен момент. Сега пристапувањето кон ЕУ не зависи од Брисел или Софија, туку зависи од нас, односно кога ќе го завршиме скринингот и уставните измени. Треба да се зграпчи оваа шанса, порача Богоев.