„Некоректно е да го сведуваме Гоце Делчев на декларација. Денес се работи за него, утре ќе се бараат декларација за било која друга сфера. Со ваквата декларација влегуваме во ризик ретрограднии сили да покренат слични чекори и во Бугарија што ќе ги минираат преговорите“ кажа потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев.

Тој додаде дека разговорите конечно тргнаа со посериозна динамика и наместо само за исторсики теми, сега државите разговараат за различни теми кои се за директен бенефит на граѓаните.

Богоев додаде дека изгласаната резолуција во Собранието, која ја поддржаа сите парии е добра рамка врз која се движат преговорите и е порилично доволна насока.

„Треба да ги живееме и остваруваме целите и идеалите на нашите херои и да не ги сведуваме на поштенска марка или симболична пара“ кажа Богоев.