Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Богданка Кузеска: Расте извозот, растат платите, економските политики на СДСМ се успешни и даваат резултати

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

По надминување на коронакризата, македонската економија денес е стабилна, развојна и се движи во добар правец.

Доказ за тоа се официјалните економски показатели.

Според последните податоци од Државниот завод за статистика, во првите пет месеци од оваа година, јануари – мај, бележиме раст на извозот од 58,2 отсто во однос на истиот период лани.

Покрај растот на извозот, бележиме и раст на индустриското производството, раст на просечната плата и пад на стапката на невработеност.

Имаме историска стапка на невработеност од 16 отсто, а просечната плата за април 2021 година е за 10 отсто поголема во однос на истиот месец од 2020 година.

Сето ова се показатели кои говорат за успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ.

Како одговорна партија, постојано сме посветени на мерки и политики кои го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и придонесуваат за засилен економски развој.

Продолжуваме да работиме одговорно, во интерес на граѓаните, во интерес на домашната економија.

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Ценовен шок во Србија: Струјата поскапува за 8 отсто, гасот за 11%

Агенцијата за енергетика го одобри поскапувањето на струјата и гасот од 1 јануари 2023 година во соседна Србија, соопшти РТС. Од почетокот на 2023 година цената на киловат-час струја кај домаќинствата ќе биде повисока за 8 отсто, а гасот за 11 отсто. Според пресметките на Агенцијата за енергетика, сметката за домаќинствата кои трошат во просек […] The post Ценовен шок во Србија: Струјата поскапува за 8 отсто, гасот за 11% appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Ковачевски: На Скопје му се случува катастрофа поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Велес, оцени дека на Град Скопје му се случува катастрофа а причината за тоа е единствено неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ. „Главниот град е нефункционален, на раб на колапс. Наместо нов градски превоз, нема превоз, наместо нови еколошки... Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Учениците од гимназијата Кочо Рацин во целосно реконструирано училиште од септември

Vesti +

118 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

Vesti +

Тренчевска: Мартовска плата од 18.000 денари за 80.000 наши сограѓани и финансиска поддршка за работодавачите

В+

СДСМ: Арсовска не предвидела ниту денар за справување со енергетската криза, таа не може да ги реши проблемите на скопјани

Vesti +

Настани по повод одбележувањето на 8 Септември, Денот на независноста на кои ќе присуствува Пендаровски

В+

СДСМ: Програмите на нашите кандидати за градоначалници го имаат најдоброто – важни и реално остварливи проекти за подобар животен стандард

Vesti +