„Целото искуство што сме го собрале како држава го искористивме за да креираме подобар модел за побрза реализација на проектите. Целта е да работиме со основни проекти, кои практично ќе се проектираат и работат во реално време. Да може проектнатот да испроектира и од наредниот ден изведувачот да излезе на терен, за да имаме ефикасност“ рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека проектите кои се стари по 10-15 години на терен покажуваат слабости бидејќи не секогаш и секаде ја отсликуваат реалната состојба.

„Тој модел се покажа дека не е добар. Таков е примерот со експресниот пат кон Прилеп, таков е примерот со Кичево-Охрид. Старите проекти се проблеми бидејќи изведувачите наоѓаат стотици грешки и се појавуваат непредвидени работи, нови состојби“ рече Бочварски.

Министерот додаде дека поради тоа се избира овој модел со кој извдувачот во исто време и ќе проектира и ќе гради.