Бочварски на министерски состанок на Брдо кај Крањ: „Зелените коридори кортисни за населението во време на пандемија“
Vestiplus.mk
+Во тренд...МАКЕДОНИЈА

Бочварски на министерски состанок на Брдо кај Крањ: „Зелените коридори кортисни за населението во време на пандемија“

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски престојува во дводневна посета во Брдо кај Крањ, Словенија, каде учествува на Министерскиот совет во рамките на Транспортната заедница.

Тема на разговорите на Советот беа состојбите во транспортниот сектор во регионот, идните планирани активности, можноста за проширување на концептот „зелени коридори“ заради олеснување на транспортот со соседните земји членки на Европската Унија и безбедноста на патиштата.

Во своето обраќање министерот Бочварски го истакна примерот со т.н. зелени коридори кои беа воведени за време на пандемијата како успешен пример за брзиот транспорт на стока и медицински материјали се со цел избегнување на тесните грла на границите.

„Оваа иницијатива се покажа како еден од најуспешните примери за регионална соработка. Нејзиното главно достигнување за зачувување на трговските текови во регионот, не само што имаше значителни економски придобивки, туку се покажа многу практични во однос на решавањето на итните потреби на населението во време на пандемијата“, истакна министерот Бочварски.

Покрај овие теми на Министерскиот совет се дискутираше за новата Стратегија за одржлива и паметна мобилност од перспектива на Западен Балкан како и ажурирање на листата на европското законодавството и нивно прилагодување во членките на Транспортната заедница.

Во рамки на Министерскиот совет, министерот Бочварски одржа билатерална средба со министерот за инфраструктура на Република Косово, Либурн Алиу. На средбата двајцата министри разменија информации во однос на изградбата на автопатот Скопје-Блаце, како и плановите во однос на изградба на заедничка железничка гранична станица.

Исто така министерот Бочварски оствари и работна средба со министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Република Србија, Томислав Момировиќ. Двајцата министри разговараа за модернизација на патниот и железнички Коридор 10, како и изградбата на заедничката железничка станица на Табановце, како пример за добра регионална соработка.

На Министерскиот совет покрај министерот Бочварски, присуствуваа и министрите за транспорт на земјите од регионот, потписнички на Договорот за транспортна заедница, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Република Србија и Република Црна Гора, како и претставници на Секретаријатот на Транспортната заедница и Европската комисија.

Во текот на утрешниот ден министерот Бочварски ќе учествува на Министерскиот состанок за прекугранично поврзување на земјите од регионот на Западен Балкан во рамки на словенечкото претседателство со Советот на Европската Унија

Повеќе од интернетот…

  • Biznispro.com
  • Centar.mk
  • Zena.mk
Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен е Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година. Се препорачува […] The post Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата

Во собранието се изгласа предлог измената на Законот за враќање на дел од ДДВ на физички лица. Оваа измена е со цел од 1 јануари 2023 да се зголеми лимитот на повратот со што наместо 1.800 денари за тримесечие, граѓаните ќе може да добијаат максимален износ од 2.100 денари. Ова значи дека еден граѓанин ќе […] The post Граѓаните ќе може да добиваат поврат до 8.400 денари од лице годишно, наместо досегашните 7.200 – Мерката “Мој ДДВ” дава резултат и за граѓаните и за државата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе стокми нови цени на горивата кои ќе важат во текот на следната седмица. Во моментов цената на лондонската берза за барел нафта изнесува 83 американски долари, додека на американската е поевтина. Во моментов цените на горивата се – Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР […] The post Нова цена на горивата appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Полицаец вознемирувал ученички во средно училиште во Скопје

На 24.03.2023 добиена е пријава од средно училиште во Скопје дека полициски службеник вербално вознемирувал неколку ученички. Веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, а против лицето ќе биде поведена и постапка за... Прочитај повеќе...

Експлодира плинска боца во Карпош, полицаец заврши во болница

На 24.03.2023 во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Разловечко Востание“ во стан сопственост на Д.Ѓ.(60) експлодирала плинска боца, по што настанал пожар. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица Скопје. Поради вдишување чад еден полициски службеник бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување на... Прочитај повеќе...

Пожар во угостителски објект во Битола

На 24.03.2023 околу 09,30 часот во Полициска станица Битола е пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на ул. Ј.Јосифовски во Битола. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Битола. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме, важен, но без шарм и уште неколку ситници е недоволен за успешно заведување. Секако, секој има своја тактика за заведување, но постојат одредени испробани трикови... Прочитај повеќе Чланак СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време да се преиспитате себеси и вашите чувства и да одлучите дали врската има иднина или не. Сосема е нормално дека во одредени ситуации нема да... Прочитај повеќе Чланак Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Бочварски: Целосно ќе го реконструираме автопатот Тетово-Гостивар

Vesti +

ДИК: Целосно преброени гласовите во 67 општини – еве каде ќе има втор круг

В+

Владата ќе ја одржи 54-та седница

Vesti +

Нова вакцина против Ковид-19: Земјите од ЕУ се „тепаат“ за неа

В+

Заев од Гостивар: Вештачката коалиција Мицкоски – Села ќе се распадне уште во недела пред полноќ, заокружете 12 за да продолжи напредокот

Vesti +

Полска е првата земја која сака да ја забрани ГМО добиточната храна – Најголемите живинарски компании се против ваквата одлука и сметаат дека тоа ќе предизвика колапс на фармите

Vesti +