„По долги години дебата, барања и лобирања од државата минатата година успеавме Коридорот 8 да го подигнеме на ниво на главен паневропски коридор. Досега тој се водеше како споредем, но заедно со Бугарија, Албанија и Италија успеавме да излобираме во ЕУ тој да влезе на мапата на главни коридори“ изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во „Утрински печат“.

Тој додаде дека сега треба на дело да покажеме и тој коридор да го издигнеме на повисоко ниво на безбедност и повисок профил на патна и железничка инфрастктура.

„Со изградбата на Коридорот 8 се поврзуваме со пристаништата во Драч, Бургарс и Варна. Со тоа нема да има монопол на пристаништето во Солун, што е барање на стопанските комори“ рече Бочварски.

Министерот рече дека модернизирањето и изградбата на автопатите придонесуваат за рамномерен регионален развој и раст на економијата со што се зголемува и бројот на работни места во сите региони.